Лапорта: Барса се врати и тргнува по најголемите фудбалски имиња

За Барселона 2021 година беше една од најлошите во историјата на клубот.

Големи финансиски долгови поради коишто на крајот го оставија раководството без можност да го продолжи договорот со Лео Меси.

Барса воедно испадна и од групната фаза во Лигата на шампионите, па вториот дел од сезоната ќе го доигра во Лигата на Европа.

И покрај сето ова, претседателот на овој тим, Жоан Лапорта, изјави дека кризата во овој клуб е минато и дека Барса се враќа на голема врата.

„Сите во светот треба да бидат подготвени бидејќи ние се вративме и тргнуваме по најголемите фудбалски имиња во светот“, изјави Лапорта.

Еден од играчите којшто доста често се поврзува со доаѓање на „Камп ноу“ е Ерлинг Халанд, а како што е добро познато, од пред некое време се појави информацијата и за евентуално доаѓање на Столе Димитриевски.

Но, останува да се види дали сето ова е вистина и дали Барса има финансиски можности да ги привлече големите фудбалски имиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести