0.8 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Лапорта донесе тешка одлука која ќе ги разочара навивачите на Барселона

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, зимава се засили со Жоао Кансело, кој пристигна како позајмен од Ал-Хилал, но одлуката која ја донесе Жоан Лапорта ќе ги разочара навивачите на Каталонците.

Раководството на клубот одлучило дека тоа е тоа што се однесува до засилувањата оваа зима, односно дека преодниот рок за Барселона е затворен со трансферот на Кансело.

Тој ќе биде единственото засилување, а челниците сакаат да ја одржат кондицијата на буџетот, со цел да го исполнат правилото „1:1“ до крајот на сезоната и непречено да може да купуваат играчи и да ги регистрираат налето.

- Оглас -

Најнови вести