Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за клупската телевизија изјави дека разговарал со Лионел Меси како и дека в понеделник ќе има средба со аргентинскиот фудбалер.
Навивачите на Барселона посакуваат најдобриот играч во историјата на клубот да се врати на „Камп Ноу“, а во прилог им оди и податокот дека Меси го известил раководството на ПСЖ дека сè уште нема намера да разговара за евентуално продолжување на договорот.
На утрешното Ел класико, најголемото светско дерби против Реал Мадрид, ќе бидат одбележани 18 години од дебито на Меси за Барселона, а Лапорта изјави дека управата ќе направи нешто да докаже дека Аргентинецот е најдобриот фудбалер во историјатана клубот.
„Дефинитивно ќе направиме нешто за да покажеме дека Меси е најдобриот играч во историјата на Барелона. Оваа недела ќе биде 18-годишнина од неговото деби во дресот на Барселона. Сигурно ќе имам средба со него во понеделник во Париз за време на церемонијата на доделување на Златната топка. Тој е играч на ПСЖ и мораме да го почитуваме иако има многу навивачи на Барселона кои се уште го носат неговиот дрес“, изјави Лапорта.