Лапорта го нападна Реал: „Кога не им оди, секогаш се тука судиите да им помогнат“

Реал Мадрид и покрај големите проблеми околу составот, успеа да дојде до минимална победа од 1-2 на гостувањето ка Селта Виго и тоа со гол на Валверде во 94-тата минута, кој предизвика лавина реакции, бидејќи му претходеше фаул, но ВАР-судиите не се огласија.

Свој коментар за оваа ситуација имаше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој не пропушти шанса да ги нападне вечниот ривал.

„Реал низ историјата постојано имал предност поради судиите. Имаше и среќа затоа што тој гол требаше да биде поништен поради претходен фаул. На нас ќе ни го поништеа, како што и се случи на Аноета. Секогаш е исто со Реал, кога е во проблеми, тука се судиите да направат нешто за да му помогнат.“ – рече Лапорта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести