Претседателот на Реал Мадрид неодамна повторно ја активираше идејата за формирање на Суперлига, првенство во кое би учествувале само елитни клубови од повеќе земји. Реал Мадрид, заедно со Барселона и Јувентус беа творци на првичната идеја за оваа лига, која се покажа како неуспешна.
Претседателот на Барселона Жоан Лапорта кој беше еден од најгласните за Суперлигата, сега го смени мислењето.
„Во Суперлигата влегов како претставник на Барселона, но со идеја за формирање на отворена Суперлига. Јас сум да направиме натпреварување за сите. За мене тоа е многу важно. Верувам во натпреварувањата во домашните лиги и за мене би било грешка Суперлигата да ги замени националните првенства. Фудбалот е убав и кога малите клубови ќе ги победат големите. Беше сјајно кога Грција стана европски првак или кога Лестер стана првак на Англија“, вели Лапорта, кој додаде дека Суперлигата треба да биде модифицирана за замена на Лигата на шампиони.