31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Лапорта и агентот Захави во ложата на „Монжуик“ го договараа новиот тренер на Барселона (Фото)

Барселона во саботата го совлада Хетафе со убедливи 4:0 во Ла Лига на стадионот „Монжуик“, а во ложата беа претседателот Жоан Лапорта и познатиот агент Пини Захави, коишто разговараа за новиот тренер на каталонскиот тим.

Захави би требало да биде еден од клучните играчи на Лапорта во изборот на нов тренер бидејќи Чави Ернандес неодамна потврди дека си заминува на крајот од сезоната.

 

Според каталонските медиуми, со вклучувањето на Захави, прв избор на Лапорта би требало да биде поранешниот тренер на Баерн Минхен и ексселектор на Германија, Ханси Флик, кој пред десетина дена објави дека започна да соработува со познатиот фудбалски агент.

- Оглас -

Најнови вести