Лапорта им е лут на фудбалерите на Барселона, сакал сите да ги уништи по ремито со Интер

Претседателот на Барселона е лут на фудбалерите откако клубот остана со минимални шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите иако во летниот преоден рок осетно ја засили екипата и најавуваше атак на титулите во Ла Лига и во елитното европско натпреварување.

По ремито со Интер на „Камп ноу“ од 3:3, според шпанскиот новинар Хозе Алварез Хаја, Лапорта одржал неколку итни состаноци и најавил големи проблеми во зимскиот преоден рок.

„Директорите Матеу Алемани и Жорди Кројф се обиделе да го смират Лапорта. Тој бил целосно надвор од контрола, сакал да ги уништи сите бидејќи гледа дека проектот му е загрозен. Лапорта беше возбуден за Лигата на шампионите и планира да направи промени на почетокот на следната година. Ситуацијата во клубот е доста комплицирана по ремито со Интер“, рече Алварез.

Барселона во летниот преоден рок потроши најмногу од сите европски екипи, вкупно даде 333 милиони евра како отштета. Барселона во летниот преоден рок ги ангажира Рафиња, Жил Кунде, Роберт Левандовски, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Хектор Белерин и Маркос Алонсо.

„Лапорта е уморен од некои играчи. Тој е лут поради нив. За нив зборуваше последните неколку недели. Позицијата на Алемани како спортски директор не е загрозена“, додава шпанскиот новинар.

Работите во Барселона може дополнително да се влошат доколку в недела загуби во најглемото светско дерби, популарното Ел Класико, против Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести