Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денеска испрати писма во седиштата на Светската и на Европската фудбалска федерација, ФИФА и УЕФА, во кои ја објаснува ситуацијата поради која каталонскиот тим се соочува со судски процес и можни санкции, објави Радио Каталонија.
Содржината на писмата не е позната, но радиото од извори блиски до управата на Барселона, објави дека во нив Лапорта се обидел да објасни зошто Барселона 17 години плаќала за услуги на компанијата која е во сопственост на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла Лига, Хозе Марија Енрикез Негреира.
Барселона од 2001 до 2018 година исплатила вкупно 8,4 милиони евра на компанијата во сопственик на Негреира, но управата на каталонскиот тим тврди дека тие пари не се за поткупување на судии туку за анализа на судењето.