Откако раководството на Барселона одлучило да го смени тренерот Роналд Куман во текот на минатата сезона, прв фаворит на претседателот Жоан Лапорта за нов тренер бил Андреа Пирло, а и на играчите им ја соопштил веста.
Но, фудбалерите на Барса не биле воодушевени од изборот, нивната реакција била негативна, тие биле против Италијанецот Пирло, па Лапорта и соработниците се премислиле и го ангажираа Чави Ернандес, кој е една од најголемите клупски легенди на каталонскиот гигант.
Четворицата капитени на Барса и уште тројца играчи на кои Лапорта им кажал за намерата да го земе Пирло, сметале дека Пирло ќе донесе нов стил на игра кој не им одговара, а и според нив, тој е неискусен како тренер, и не ја познава шпанската лига.
Слично нешто имаше и во Реал Мадрид, кога клубот сакаше да го доведе Антонио Конте, но играчите на чело со тогашниот капитен Серхио Рамос, беа против, па Реал се откажа од Конте.
Инаку, Пирло во моментов е тренер на просечниот турски прволигаш Караѓумрук.