Лапорта им соопшти лоши вести на фудбалерите на Барселона – Веќе ги има и првите реакции

Барселона полека, но сигурно излегува од финансиската криза којашто беше резултат на лошото владеење на претходната управа на тимот.

Енормните договори коишто ги даваше Хосеп Бартомеу „удрија“ по тимската каса, а поради тоа не можеше да биде обновен договорот со Лео Меси. Иако тимот под водство на Хуан Лапорта закрепнува од кризата, дојдоа нови лоши вести од првиот човек на тимот.

Лапорта им соопштил на фудбалерите дека ќе следува ново кратење на платите.

„Платите ќе бидат направени според параметри којшто сите би ги разбрал. Се надевам дека фудбалерите ќе ги потпишат новите договори, а не би било проблем доколку некој не би се согласил“, изјави Лапорта.

Еден од првите што се побунил е дефанзивецот Роналд Араухо, којшто смета дека зема многу помалку од тоа што според него би требало, а особено го налутило тоа што Андреас Кристенсен, којшто ќе дојде налето, ќе зема шест милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести