30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Лапорта ја актуализира идејата за Суперлигата: „Веќе разговараме со УЕФА“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во големо интервју ја актуализираше идејата околу европската Суперлига, за која вели дека се водат разговори со УЕФА, а кај Александер Чеферин постои позитивно расположение.

„Темата Суперлига предизвика несогласувања, различни мислења и контроверзии. Јас секогаш бев мост помеѓу Суперлигата и УЕФА. Во моментов постои комуникација помеѓу Суперлигата и УЕФА. Александер Чеферин назначи луѓе од УЕФА кои разговараат со претставници на Суперлигата. Имаме првичен договор околу неколку работи, но најважното е дека постои простор за договор и соработка. Ставот на Барселона е дека треба да се дојде до договор, но и внатре во Суперлигата да го поттикнеме постигнувањето на тој договор. Тоа е за доброто на фудбалот. Постои пресуда на Судот на Европската унија, која ја потврдува позицијата на Суперлигата и сметам дека тоа е важно, но најважно е фудбалот да биде обединет. Гледам голема подготвеност кај претседателот Чеферин. Тој е способен човек на кој може да му се верува“, вели Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести