Жоан Лапорта изјави дека е отворен за можноста Лионел Меси повторно да се врати во Барселона, објави весникот „Спорт“ во понеделникот.
Синоќа Лапорта беше реизбран за претседател на каталонскиот клуб со 68 проценти од гласовите, со што ќе го започне својот четврти мандат на чело на шпанскиот шампион.
„Лео може да биде поврзан со Барселона на начин на којшто самиот ќе посака. Вратите на Барса секогаш се отворени за него доколку сака повторно да работи за институција како што е Барселона“, изјави Лапорта кратко по реизборот.
Лионел Меси е производ на младинската школа на Барселона. Тој во 2021 година се пресели во ПСЖ како слободен играч, а две години подоцна потпиша за Интер Мајами во МЛС-лигата.

