13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Лапорта: Не е реално Меси да се врати во Барселона како играч

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја коментираше ситуацијата со напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој одигра 778 меча и даде 672 гола за каталонскиот клуб и тајно го посети неговиот втор дом, стадионот „Камп ноу“, кој е при крај со реновирањето.

Лапорта во летото 2021 не му го продолжи договорот на Лионел Меси и Аргентинецот како слободен играч си замина, шок кој го боли до ден денешен. Првиот човек на Барса не жали за одлуката бидејќи тоа било за доброто на клубот кој имаше финансиски проблеми и огромните примања на Меси му беа товар.

Лапорта беше прашан и за можноста Меси да се врати на позајмица и остана претпазлив: „Сега не е време да зборуваме за шпекулации со нереални сценарија“, одговори Лапорта. 

„Не знаев дека доаѓа Меси, но ‘Камп ноу’ е неговиот дом. Кога ми кажаа како се случило, ми се чинеше како убав спонтан чин. Дискусиите за евентуално враќање на Меси во клубот како играч се несоодветни во моментов. Кога работата ќе биде завршена, ќе има место за 105.000 навивачи, па со задоволство ќе му го оддадеме признанието што го заслужува. Сакаме да му оддадеме признание што го заслужува. Немам жалење за тоа што се случи. Барса е на прво место. Не беше судено Лео да остане тука цела кариера“, смета Лапорта. 

- Оглас -

Најнови вести