Лапорта го гази времето: или гаранција до утре, или ќе бидат поништени изборите во Барселона

Со нов сериозен проблем се соочува фудбалскиот клуб Барселона, и тоа во момент кога тимот игра добро во шпанската лига, и кога се надеваа со завршувањето на претседателските избори, ситуацијата ќе се стабилизра. Утре е денот кога Жоан Лапорта треба да биде претставен како нов претседател, но може тоа и да не се случи, и клубот да влезе во нова криза.

Ако сака да ја преземе претседателската функција во клубот, убедливиот победник на изборите Жоан Лапорта, има рок до утре да приложи финансиска гаранција од 124,6 милиони евра, што е 15 проценти од буџетот на клубот. Ако не го направи тоа, ќе мора да се распишат нови избори и тој нема да може да го преземе раководењето со Барса.

Лапорта го знаеше ова и тврдеше дека навреме ќе приложи гаранција, но планот му беше финансиската инјекција да ја добие од една компанија, но преговорите вчера биле прекинати, и не се продолжени денеска. Има шпекулации дека новиот Борд на Барселона составен од соработници на Лапорта може да соберат 50 милиони, но до утре треба да се најдат уште речиси 75 милиони.

- Оглас -

Најнови вести