Лапорта: Не се мешаме во стратегијата на Реал да биде во „војна“ со судиите

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја коментираше „војната“ меѓу Реал Мадрид и судиската организација, која се разгоре непосредно пред финалето на Купот на кралот, што Каталонците го освоија со победа од 3-2 по продолженија. Лапорта истакна дека клубот воопшто не се фокусирал на скандалите, туку целосно се концентрирал на самиот натпревар.

„Флорентино ме поздрави по финалето на Купот. Имаме взаемна почит. Полемиката пред мечот ја сфативме како уште една стратегија, но ние сакавме да зборуваме само за фудбал. Се концентриравме на натпреварот, кој разгорува страст и ривалство, и го прифативме како спектакл. Не навлегувавме во теми што не нè интересираат. Задоволен сум од судењето, иако некои ситуации беа проверени преку ВАР. Сè беше добро, иако ништо не е совршено“, изјави Лапорта.

Тој потврди дека тренерот Ханси Флик сака да потпише нов краткорочен договор и покрај успешната прва сезона на чело на тимот.


„Реалноста ги надмина очекувањата. Тие беа високи, но сега сме уште подобри благодарение на играчите, на Флик и на стручниот штаб. Многу ни е важно и финалето на женската Лига на шампиони. Флик совршено се вклопи во клубот, како според неговите човечки, така и според неговите спортски квалитети и разбирање на филозофијата на Барса. Тој сака да оди година по година, така што со сигурност ќе биде со нас и следната сезона. Спортскиот сектор работи на планирањето на блиската иднина“, додаде Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести