Лапорта не се откажува од Меси, иако шансите за негов трансфер во Барселона се минимални

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, е во постојани преговори со раководството на Ла Лига и не се откажува од трансферот на Меси на Ноу Камп. “Каталонците“ имаат големи финансиски проблеми и се очекува дали Ла Лига ќе го прифати планот за финансирање за следната сезона, од што ќе зависи и трансферот на Меси бо Барселона.

Аргентинецот има договор со ПСЖ до крајот на сезона и по се изгледа тој нема да биде продолжен, додека на маса има богати понуди од клубови од Саудиска Арабија и САД.

Меси во Барселона пристигна со само 14 години, а за првата екипа дебитираше во 2004-тата година на дуелот против Еспањол. За “каталонците“ одигра 780 натпревари, на кои постигна 672 голови и запиша 291 асистенција.

- Оглас -

Најнови вести