Лапорта: „Ние бевме фокусирани на фудбалот, бевме подобри и затоа победивме“

Барселона на спектакуларен начин дојде до трофејот од Купот на Шпанија, откако после продолженија го победи Реал Мадрид со 3-2. За „каталонците“ ова трета победа над вечиот ривал оваа сезона и втора во битката за трофеј, после она финале во Супер купот.

На мечот му претходеа големи протести од „кралевите“ кон судиите кои беа делегирани, па свој коментар околу тие настани имаше и претседателот на „каталонците“, Жоан Лапорта.

„Уште од натпреварот со Борусија Дортмунд, играчите беа сигурни дека ќе го победат Реал Мадрид. Толку беа самоуверени, до таа мера што тренерот мораше да ги смирува, со оглед на тоа дека поголемиот дел од нив се многу младите. Протестите на Реал? Ние бевме подобри во ова финале, бидејќи бевме фокусирани на страст, ентузијазам, натпревар на терен, забава и во исто време на играње врвен фудбал. Ние бевме фокусирани на овие аспекти и другите работи не нѐ интересираа. Го направивме тоа што моравме и на крајот победивме.“ – рече претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести