Жоан Лапорта, кандидатот за претседател на ФК Барселона и досегашен прв човек на клубот, даде интервју во кое кажа неколку интересни работи.
„Ние Каталонците секогаш мора да ја имаме на ум независноста. Правата и слободите на Каталонија. Но, не треба премногу да зборуваме за тоа бидејќи на крајот станува нешто тривијално. Колку повеќе државата се обидува да нè освои, толку подобро ќе биде. И, секако, Лигата на шампионите ја гледам како многу поопиплива и поможна“, им рече тој на водителот и на неговиот тим кога беше прашан дали смета дека попрво Барса ќе стане европски првак или Каталонија ќе стане независна држава.
Лапорта одговараше и на лични прашања, призна дека жали што одамна се развел со сопругата и тоа го сфаќа како свој најголем неуспех, а рече и дека „подобро би се забавувал со Флорентино Перес отколку со Виктор Фонт“. Со овој одговор Лапорта потврди дека има толку многу голема желба да го победи Фонт на претседателските избори в недела, што дури го претпочита и претседателот на Реал Мадрид пред Фонт.

