Лапорта: „Перес и Тебас? Морам да ги проверам пораките на Ватсап“

Жоан Лапорта успеа да ја врати Барселона во самиот врв на европскиот фудбал, а во Шпанија ги освоија сите трофеи, но и го победија Реал Мадрид дури четирипати. Претседателот на Kаталонците не го криеше задоволството од успешната сезона, па не заборави и да ги пецне Флорентино Перес и Хавиер Тебас.

„Не знам дали Флорентино ми честиташе за освојувањето на Ла Лига. Немав време да ги прочитам сите пораки кои ги добив на „Ватсап“. Тоа важи и за Тебас, не знам и за него дали ме контактираше“, саркастично рече Лапорта, па додаде: „Реал секогаш покажува класа и елегенција за тие работи“.

Претседателот на Каталонците веројатно долго го чекаше овој момент, да ги провоцира претседателот на Реал Мадрид и претседателот на Ла Лига, пред сè поради притисокот на Кралевите“ врз судиите пред секој меч против Барселона, но и поради проблемите со раководството на Лигата поради спорните регистрации на Дани Олмо и Виктор Пау.

- Оглас -

Најнови вести