Лапорта покажа каков махер е, нема пари а сепак доведе еден голем талент

Барселона се наоѓа во една од најголемите финансиски кризи поради што е лиминирана околу трошењето пати за нови засилувања. И во такви неповолни услови, каталонскиот гигант одлично менаџираше летово и доведе неколку играчи како слободни играчи.

Сепак, еден од талентите што сака да ги има во своите редови, Барселона немаше пари да го купи, но претседателот Жоан Лапорта успеа да најде начин како да го привлече на „Камп Ноу“. Се работи за 17-годишниот Јусуф Демир кој пристигна во Барселона Б на позајмица пристигна од Рапид Виена.

Во што е финтата? Барселона не може да доведува играчи во првиот тим, но фудбалерите кои пристигнуваат во Барселона Б не влегуваат во платите и трансферите на првиот тим, па на тој начин си направи простор за Демир да заигра за каталонскиот гигант.

https://twitter.com/i/status/1418830716641632261

Барселона Б сега плати 500.000 евра за Демир кој доаѓа на позајмица, а следното лето ќе ги искешира бараните 10 милиони евра за комплетирање на трансферот. За Демир се интересираа повеќе европски гиганти, но младиот фудбалер инсистирал да заигра за Барселона, па Лапорта успеа да најде начин како да го „резервира“ овој талентиран играч.

Според многумина Дамир кој е левучар, потсетува во играта еден на еден на Лионел Меси, а може да игра на двете крилни позиции. Австриецот веќе дебитираше за првиот тим на Барселона, откако се најде во стартниот состав на дуелот проти Тарагона и ги одигра првите 45 минути.

- Оглас -

Најнови вести