Лапорта потврди: Барселона во сезоната 2023/24 нема да игра на „Камп ноу“

Шпанскиот гигант Барселона ја започна реконструкцијата на својот стадион „Камп ноу“. Првиот дел од реконструкцијата ќе се одвива на првиот и вториот спрат од трибините, а кога ќе започнат главните работи за реконструкција на третиот спрат од трибините, стадионот ќе биде затворен.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека во сезоната 2023/24 каталонскиот гигант како домаќин своите мечеви ќе ги игра на легендарниот Олимписки стадион познат како „Монжуик“.

„Барселона ќе ја има таа привилегија да игра на Олимпискиот стадион во сезоната 2023/24 додека се одвива реконструкцијата на нашиот стадион“, рече Лапорта.

Популарниот „Монжуик“ е стадион кој е направен за потребите на Олимписките игри во 1992 година, а тој беше дом на екипата на Еспањол во период од 1997 до 2009 година. Може да собере 60.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести