Лапорта: „Реал Мадрид веќе 72 години ги контролира судиите“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, жестоко го нападна Реал Мадрид во екот на кампањата за претседателските избори во каталонскиот клуб.

Лапорта изјави дека Барселона е жртва на кампања за оцрнување која е внимателно испланирана и доаѓа од главниот град на Шпанија.

Тој исто така порача дека Реал Мадрид веќе 72 години има контрола врз судењето во Шпанија.

Лапорта повторно го насочи фокусот кон големиот ривал, доведувајќи ја во прашање непристрасноста на фудбалските власти и истакнувајќи ги историските врски на Мадрид со Судискиот комитет.

„Зарем не ви изгледа срамно што 72 години на чело на Судискиот комитет биле луѓе поврзани со Реал Мадрид?“, праша Лапорта и продолжи:

„Сите до еден. Зар тоа не е срамота? Се работеше за судиско советување, а не за спортска корупција. Но, за тоа никогаш ништо не ги прашувате – престанете да си играте со мене.“

- Оглас -

Најнови вести