Лапорта: Сакаме финалето на СП 2030 да биде на „Камп ноу“, но центрите на моќ се за Мадрид

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, не ја пропушти приликата да се пожали дека се борел против „социолошки мадридизам“.

Лапорта говорејќи за Светското првенство во 2030 година, потврди дека мечеви ќе се играат на „Камп ноу“, но не е оптимист дека финалето ќе се игра на најголемиот стадион во Европа.

„Отворањето на „Камп ноу“ ќе биде во јуни 2026, но со играње таму ќе почнеме во ноември 2024. Би сакале на новиот „Камп ноу“ да направиме еден меч во чест на Меси и да се играат мечеви од Мундијалот во 2030. Мислам дека кај нас ќе се игра едното полуфинале. Тоа е стадион со најголем капацитет, го сакавме и финалето, но центрите на моќ се промадридски ориентирани. Не верувам дека ќе дозволат финалето да се игра во Барселона, претпоставувам дека тие центри на моќ ќе го одберат „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а ние сигурно би го добиле полуфиналето“, вели Лапорта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести