Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, негираше дека клубот планира летово да купи напаѓач, демантирајќи ги пишувањата дека Барса веќе се договорила со Роберт Левандовски.
Лапорта се надева дека Барса сепак може да ја освои титулата во шпанската лига и најави дека ако тоа се случи, ќе прославува во некое диско.
„Ме тераат да се смеам кога велат дека ќе купиме еден или друг напаѓач. Па ние веќе го имаме најдобриот на светот, Ансу Фати. Тој веќе ја залечи повредата и сите сме многу задоволни од тоа. Лекарите велат дека е спремен, но треба да почекаме уште неколку недели за да влезе во форма“, вели Лапорта.