Лапорта со порака: Сите треба сега да му помогнеме на Пике

Скандалот околу разводот на фудбалерот на Барселона Џерард Пике и славната пејачка Шакира веќе со денови е главна тема во таблоидите. Според пишувањата, Пике, кој 12 години беше заедно со Шакира, бил фатен во прељуба, што било доволно за пејачката да си замине од него.

Во целта сапуница околу овој развод, со свое видување се вмеша и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој апелираше до сите да помогнат.

„Пике многу пати. Ние ја имаме таа слика дека тој е славен фудбалер, полн со пари и има се што ќе посака, но и тој е човечко суштество како сите нас. Пике е сјајна личност, еден од нашите капитени во екипата, но сега поминува низ тежок период од животот. Сигурно не му е воопшто лесно. Пике заслужува да има поддршка од навивачите на Барселона. Сите ние сакаме тој повторно да биде оној вистинскиот Пике и затоа треба да му ја дадеме поддршката која ја заслужува“, е пораката на Лапорта.

Најавите се дека Шакира сака да се пресели од Барселона во Мајами каде има куќа, а со нејзе да ги земе и двете деца кои ги има од бракот со Пике, што дополнително го погоди фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести