Лапорта за Ѓулер: „Не сакавме да влегуваме во војна на наддавање“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за шпанскиот „Спорт“ го коментираше трансферот на Арда Ѓулер во Реал Мадрид. Познато е дека младиот Турчин требаше да потпише за Барселона, но во последен момент се премисли и се пресели во редовите на лутиот ривал.

„Ние имавме договор со фудбалерот и бевме подготвени да му платиме 17,5 милиони евра на Фенербахче. Сепак, другите клубови како Реал Мадрид дојдоа и платија повеќе. Не сакавме да влегуваме во војна на наддавање“, вели Лапорта.

Осумнаесетгодишниот турски фудбалер минатата недела потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид со важност до 2029 година, а Кралскиот клуб за него на Фенербахче му плати 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести