15.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Лапорта задоволно се смешка: Реал тргна да купува Аргентинец, но тој сака само во Барселона

Реал Мадрид налето планира да тргне по потписот на Кристијан Ромеро, дефанзивецот на Тотенхем, кој игра одлично сезонава во Премиер лигата, но Кралевите може да се соочат со непланиран проблем.

Според најавите од Аргентина, дефанзивецот има план да го напушти Тотенхем, иако има договор до 2029 година, но само ако неговиот клуб се договори со Барселона за трансфер во Ла Лига.

Аргентинецот и во минатото беше цел на Каталонците, а самиот фудбалер изјавуваше дека ќе оди во Каталонија по советот од Лионел Меси.

Сега конечно тоа може и да му се исполни, но единствениот проблем може да биде неговата цена и финансиската криза во Барселона.

Според „Трансфермаркет“, неговата вредност во моментов е 60 милиони евра, сума која Каталонците тешко дека би ја платиле за дефанзивец кој има 27 години.

- Оглас -

Најнови вести