Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и дел од управниот одбор на клубот поднесоа оставки.
Ова беше чин кој мораа да го направат бидејќи Лапорта ќе учествува на претседателските избори закажани за 15-ти март. Рафаел Јусте ќе биде претседател на клубот до 30-ти јуни, а потоа избраниот претседател ќе го преземе кормилото.
Лапорта се надева на нова победа и нов мандат.
„Заминувам со нетрпение да ве видам сите повторно“, коментираше каталонскиот адвокат, кој потврди дека навивачите се задоволни од неговото водство.
„Навивачите на Барса се среќни, ја вративме нашата радост. Го напуштам клубот во подобра форма отколку што беше пред пет години“, додаде тој.

