Лапорта: Заминувањето на Меси е најтажната одлука во мојот живот, ама не жалам

Лионел Меси изминатово лето ја напушти Барселона и како слободен агент замина во редовите на Пари Сен Жермен.

Како што е добро познато, сето тоа беше последица од лошото финансиско работење на минатото раководство на тимот, коешто една деценија правело погубни договори со коишто долгот надмина над милијарда и триста милиони евра.

Првиот човек на Барса, Хуан Лапрота, даде изјава за клупската телевизија.

„Тоа е најтажната одлука, ама не жалам што ја направивме бидејќи моравме да го ставиме клубот над сè. Тоа и го сторивме, иако останавме без најдобриот фудбалер.

За отпуштањето на Куман, јас имав сомнежи уште пред почетокот на оваа сезона, но од почит кон него одлучив да остане во тимот. Секогаш ќе се сеќавам на неговиот гол на ‘Вембли’, како и желбата да вади млади фудбалери од школата, но, едноставно, тој не беше тренер за нас“, изјави Лапорта.

По доаѓањето на Чави, тимот се прероди и успеа да се искачи на треттото место со 48 освоени бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести