Лапорта запрашан за однесувањето на Белингам со шпанските новинари започна да зборува на англиски (Видео)

Барселона вечерва го игра мечот против Рајо Ваљекано на домашен терен и со победа има шанса да се израмни со Реал Мадрид според бројот на бодовите на врвот од табелата во Ла Лига. Каталонците ќе бидат во предност бидејќи ќе имаат подобра гол-разлика од вечниот ривал.

На денот на натпреварот, дел од шпанските медиуми се обидоа да добијат мислење од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за црвениот картон на Џуд Белингам, но тој им одговори на англиски: „Ви благодарам што дојдовте“, и си замина.

Зошто Лапорта одговори на англиски на нивното прашање, не знаат ниту самите новинари, но претпоставките се дека се обидува да го исмева фудбалерот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести