Лапорта: „Знаат дека не можат да нè победат на терен, затоа сакаат да нѐ дестабилизираат“

Раководството на Барселона извојува уште една победа над Ла Лига и ФС на Шпанија откако Врховниот суд одлучи да не ги поништи регистрациите на Дани Олмо и Виктор Пау. Двајцата остануваат со право на настап до крајот на тековнава сезона, а претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта, не го криеше задоволството од ваквата одлука.

„Ви благодарам господине што сте тука. Вие правите одлична работа. Ние сме и повеќе од среќни. Во Барселона мора да се бориме против секого. Таков е животот. Се разбира, бевме загрижени. Не беше случајно што пред натпреварот излегоа ваквите вести. Знаеме како е. Ова беше обид за дестабилизација на тимот. Кога излегуваат вакви информации, играчите и тренерот се загрижени. За среќа, фудбалерите останаа силни. Не можат да нè победат на терен, па се обидуваат да го направат тоа на други начини, но нема да влијаат на нас. Барселона има тим кој се бори на сите фронтови. Соништата се бесплатни“, рече Лапорта по објавувањето на одлуката на судот.

Барселона е лидер во Ла Лига со три поени пред Реал Мадрид, веќе е во финалето на шпанскиот Куп, каде што за противник ќе го има вечниот ривал, а во Лигата на шампионите ги очекува четвртфинален двомеч против Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести