Лапсус на Де Лихт, подзаборави за кој клуб игра

По завршувањето на мечот Холандија – Австрија, дефанзивецот Матајс Де Лихт, додека зборуваше пред новинарите, се збуни, и направи мал лапсус.

„Денеска често моравме да играме долги топки, како играч на Ајакс, ми беше чудно што морав да го правам тоа цело време“ – рече Де Лихт, а еден новинар низ насмевка му рече: „Ти играш за Јувентус“.

Де Лихт се извади брзо.

„Да, да, како поранешен играч на Ајакс“ – додаде Де Лихт кој објасни што сакал да каже.

- Оглас -

Најнови вести