Еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА лигата, Кевин Гарнет, направи лапсус додека пофално зборуваше за играчот на Голден стејт вориорс, Кевон Луни.
Поранешниот кошаркар на Минесота и на Бостон, рече дека му се допаѓа борбеноста на Луни кога ги чува најдобрите центри во НБА лигата, но толку се занесе во пофалбите за играчит на „воините“ што актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ го замени со Новак Ѓоковиќ.
„Луни е цврст играч, ќе падне осум пати, ќе направи скок, ќе го чува Ентони Дејвис, ќе го чува е**ниот Ѓоковиќ, Ембид. Нему не му е грижа против кого игра. Има 25 години, изгледа како да има 72“, рече Гарнет.
https://twitter.com/i/status/1581043760535781378