Вистинско уживање е да се гледа Шејн Ларкин како ја разбива Евролигата. Американскиот шутер со турски пасош денеска блескаше во триуфот на Анадолу ефес од 91:79 против Олимпијакос, по кој европскиот вицепрвак ја запиша 24-тата победа.
Од вкупно 91 поен на домаќините, Ларкин постигна неверојатни 40 поени, а воедно го израмни својот рекорд од 10 постигнати тројки на еден натпревар. Погледнете како изгледаше неговиот рафал: