Турскиот првак Анадолу Ефес никако не може да ја победи ЦСКА Москва, вечерва па загуби со 80-81, иако водеше во текот на речиси целиот меч.
Ефес од 2013 година не знае за триумф над „армејците“, а дома во Истанбул ги победил само трипати во 11 меѓусебни соочувања.
Средбата ја одбележа дуелот на двајцата можеби и најдобри американски бекови во Европа. Победничкиот кош за рускиот тим го даде Мајк Џејмс, а „пиварите“ имаа шанса да победат, имаа последен напад, но Шејн Ларкин не беше прецизен.
После овој пораз, Ефес веќе не е осамен на првото место на табелата, туку се изедначи со Реал Мадрид и Барселона со по 12-3.
Во првиот денешен меч, Химки го победи Жалгирис со 83-74, потоа Црвена звезда преедводена од феноменалниот Лоренцо Браун (34 поени) го победи Олимпијакос со 88-81, а вечерва Барса славеше во Минхен кај Баерн со 77-67.
Ова е кошот со кој Џејмс го урна лидерот на Евролигата:
https://twitter.com/i/status/1208110010045087744
И утката на Ларкин:
https://twitter.com/i/status/1208112703505518592