Фудбалерите на Виљареал продолжуваат со лошите игри сезонава и денеска го доживеаја петтиот пораз во девет натпревари во Ла Лига. Подобар од Жолтата подморница беше Лас Палмас кој како гостин славеше со 1:2.
Во последните моменти од првото полувреме, Саул Коко ги шокира домашните навивачи на „Керамика“ стадионот, а на стартот од второто полувреме, Кардона од пенал зголеми на 0:2.
Домашните фудбалери потоа тргнаа во офанзива, но успеаја само да го ублажат поразот и тоа преку Морено во втората минута од судиското продолжение.
Со новиот пораз, Виљареал остана на 16-та позиција на табелата со само осум освоени бода, додека Лас Палмас е десетти со 11 бода.