Лас Палмас освои девет бода во последните четири кола од Ла Лига и побегна од опасната зона на табелата. Вечерва овој тим славеше со 1-3 на гости против Рајо Ваљекано и потврди дека се наоѓа во одлична форма.
Фабио Силва во шестата минута обезбеди предност за гостите, а на почетокот на второто полувреме Аридан Хернандез си постигна автогол.
Третиот гол за Лас Палмас беше дело на Мануел Фустер во 67-та минута.
Рајо Ваљекано до крајот успеа да постигне само почесен гол, а всушност беше автогол на Скот Мекена.