Тренерот на Басконија, Пабло Ласо, после поразот на неговиот тим на натпреварот од второто коло од Евролигата против Црвена звезда беше побарани мислење да каже дали е подбра Ѕвезда или Партизан. Минатата недела во првото коло, Басконија на свој терен го совлада Партизан.
Ласо не се залета и не сакаше да каже кој српски тим е подобар.
„Го разбирам прашањето, на крајот на краиштата, во Белград сме. Тоа се две сосема различни екипи. Партизан е сосема нов тим, со физички силни играчи на сите позиции. Црвена ѕвезда има многу квалитет и огромно искуство. Тимовите се избалансирани, би било многу лошо да се каже дека Партизан е подобар или дека е Ѕвезда подобра“, рече Ласо, додавајќи:
„Ништо не значи тоа што едниот тим го победивме, а загубивме од другиот, ги почитувам двата тима“.