Лацијалите го слават Имобиле, Шахтар остана во игра за пласман во осминафиналето (Видео)

Лацио благодарение на головите на Чиро Имобиле го совлада Селтик со 2:1 и направи огромен исчекор кон освојување на едно од првите две места во групата Е кои носат пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Лацио одигра очајно прво полувреме на „Олимпико“, поради што тренерот Маурицио Сари во вториот дел мораше да го внесе во игра својот најдобар фудбалер, Чиро Имобиле, и тоа се покажа како одличен потег. Имобиле прво во 82-рата минута му донесе водство на Лацио, а само три минути подоцна зголеми на 2:0.

Со победата, Лацио изби на првото место со 10 бода, пред Атлетико Мадрид, кој има осум и Феенорд со шест, но овие два тима за неполн половина час ќе го започнат својот меч. Доколку Атлетико слави во Ротердам, тогаш Лацио сигурно ќе го освои едно од првите две места.

Во групата Х, Шахтар со голот на Матвиенко во 12-тата минута го победи Антверпен и остана во игра за една од првите две позиции. Украинскиот тим има девет бода, исто колку што имаат Барселона и Порто, кои вечерва играат меѓу себе.

- Оглас -

Најнови вести