Фудбалерите на Лацио со убедливи 4:1 го совладаа најслабиот тим во Серија А, Салернитана, во првиот натпревар од 32-то коло од најсилната италијанска лига.
Со триумфот, Лацио скокна на седмото место на табелата со 49 бода, еден помалку од Аталанта која има два меча помалку, додека Салернитана е последна со само 15 освоени бодови во 32 меча.
Лацијалите имаа фуриозен почеток на натпреварот, по само 14 минути игра водеа со 2:0 благодарение на головите на Фелипе Андерсон во седмата и на Матијас Весино.
Салернитана се закани две минути подоцна преку Чауна кој намали на 2:1, но Фелипе Андерсон до крајот на првиот дел погоди за 3:1.
Победата ја завери Исаксен во 87-та минута.