Неколку стотини навивачи на Лацио се појавија во тренинг-центарот „Формело“ за да ги испратат фудбалерите на тешкото гостување кај Аталанта. Со песни за поддршка, веење знамиња и палење пиротехнички средства, навивачите на римските Орли ги испратија играчите на важен дуел со тим кој е четвртфиналист во Лигата на шампионите.
Лацио со победа останува во трка со лидерот Јувентус за титулата во Италија, а со пораз би се оддалечиле. Мечот се игра без публика, па навивачите на Лацио нема да може да се појават на трибините, но сакаа да им покажат љубов и поддршка на своите миленици.
https://twitter.com/i/status/1275451808261922816