Лацио славеше на гостувањето кај Емполи со 1:0 во меч од 35. коло на италијанската Серија А. Со овој триумф Лацио стигна до 63 бодови и сега е на четвртото место на табелата што значо дека е во трка за позиција која води во Лига на шампиони.
Гостите уште во првиот напад постигнаа гол. Диа ја затресе мрежата на Емполи по само 54 секунди игра. На крајот, тој момент се покажа и како решавачки.
Емполи остана на 26 бодови и е на претпоследното место кое носи испаѓање од елитното друштво.