Екипата на Лацио со 3:0 славеше над Болоња во првиот меч од 25-то коло во Серија А лигата.
На „Олимпико“ во Рим, гостите беа само полесен тренинг противник а со оваа победа, Лацио најавува атак на едно од првите четири позиции, кои носат директно во Лигата на шампионите.
Матија Ѕакарини со два гола, во 53-та и 63-та минута се истакнува како нова ѕвезда, а за тоа говори и податокот дека сезонава стигна до шестиот погодок и тоа на 19 одиграни средби. Додека, за споредба од претходната сезона, тој имаше учинок од пет голови и тоа од дури 39 одиграни натпревари.
Домаќините, поведоа со голот на, кој друг ако не, Чиро Имобиле и тоа од пенал во 13-та минута.
Со оваа победа, Лацио дојде до 42 бода и е на шесттото место во Серија А лигата, додека пред него се Аталанта и Јувентус со 43 односно 45 освоени бодови.
6 – Mattia Zaccagni has scored six goals in 19 Serie A matches this season, his best tally in a single campaign of the competition (five goals in 36 games in 2020/21). Improvement.#SerieA #LazioBologna
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) February 12, 2022