0.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Лацио го доведе Даниел Малдини од Аталанта

Лацио ја засили својата офанзива со ангажманот на Даниел Малдини од Аталанта. Трансферот е во форма на шестмесечна позајмица со опција за откуп, која може да стане задолжителна доколку се исполнат определени клаузули, а вкупната сума може да достигне околу 15,5 милиони евра.

Римскиот клуб го потврди договорот по успешните медицински прегледи на играчот, а за позајмицата Лацио ќе плати околу еден милион евра, со дополнителни 500.000 евра како бонуси. Опцијата за откуп е поставена на 14 милиони евра и ќе се активира автоматски при исполнување на условите.

Малдини е третото зимско засилување за римјаните, по Кенет Тејлор од Ајакс и Петар Ратков од Салцбург.

Младиот Италијанец е производ на школата на Милан, каде ја продолжи семејната традиција започната од таткото Паоло и дедото Чезаре Малдини. Пред да пристигне во Аталанта, тој имаше позајмици во Специја, Емполи и Монца, а во 2024 година беше продаден на Монца за 6,5 милиони евра. Само шест месеци подоцна се пресели во Аталанта за 13 милиони евра. Оваа сезона, тој има 11 настапи и една асистенција за тимот од Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести