9.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Лацио го исфрли Милан од Купот на Италија (Видео)

Лацио донесе голема радост на своите навивачи на „Олимпико“ откако минимално со 1:0 го победи Милан во меч од осминафиналето на Купот на Италија. Овој триумф на Лацио значеше и елиминација на Росонерите од трката за трофејот во најмасовното натпреварување.

Единствениот гол кој значеше победа и пласман на Лацио во четвртфиналето го постигна капитенот Закањи во 80 минута по корнерот што го изведе Таварес. Погодокот на Закањи може да го видите ТУКА.

Во следното коло е и актуелниот бранител на трофејот, тимот на Болоња, откако со 2:1 славеше над Парма.

- Оглас -

Најнови вести