Лацио го испрати правнукот на Мусолини на позајмица во Серија Б

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, одлучи младиот 20-годишен фудбалер Романо Флоријани Мусолини да го испрати на едногодишна позајмица во Пескара.

„Лацио до 30 јуни 2024 година привремено ги отстапи правата на Делфино Пескара за Романо Флоријани Мусолини (20). Тој следната сезона ќе ја помине на калење во Серија Б“, соопшти Лацио.

Оваа вест не би била интересна доколку не станува збор за правнук на поранешниот фашистички лидер Бенито Мусолини.

- Оглас -

Најнови вести