Лацио го освои Амстердам, бод за Тотенхем во Глазгов

Италијанскиот калчолигаш Лацио е на врвот на табелата во Лигата на Европа со 16 бода, откако ја оствари петтата победа во ова натпреварување. Лацијалите славеа со 1-3 на гости кај Ајакс во Амстердам.

Чауна во 12-тата минута донесе предност за гостите, а израмни Траоре на почетокот на вториот дел. Сепак, Лацио стигна до триумф со головите на Деле-Баширу и на Педро.

Ренџерс и Тотенхем ремизираа 1-1 во Глазгов. Шкотскиот тим дојде во водство во 47-мата минута со голот на Хамза Игамане, а израмни Дејан Кулушевски во 75-тата минута.

Порто го победи Митјиланд со 2-0, а судија на овој натпревар беше Александар Ставрев, кој стави крај на судиската кариера и во Европа. Реал Сосиедад славеше против Динамо Киев со 3-0, а Андерлехт триумфира на гости против Спарта Прага со 1-2.

Лион и Ајнтрахт Франфурт во голеада одиграа 3-2, додека Бодо/Глимт го победи Бешикташ со 2-1. Макаби Тел Авив беше подобар од РФС со 2-1, а Елфборг го победи Карабах со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести