Лацио го освои „Џузепе Меаца“

Лацио победи со минимални 0-1 на гостувањето кај Интер во дербито од 29-тото коло во Серија А. „Лацијалите“ ѝ се реваншираа на екипата која ја води Лучијано Спалети за тешкиот пораз кој го претрпеа претходно сезонава со 0-3, на „Џузепе Меаца“ дојдоа по три бода и ја остварија посакуваната цел.

Пресудниот гол го постигна Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 13-тата минута од мечот, а доминацијата на домаќините во преостанатиот дел од мечот не беше доволна да се дојде до евентуално реми или пак целосен пресврт.

Лацио со 14-тата победа сезонава се искачи на петтата позиција со 48 бода, исто толку има и Аталанта, додека Интер и со осмиот претрпен пораз по ова коло ќе остане не третото место со 53 бода, два повеќе од четвртопласираниот Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести