Лацио го победи Јувентус и граби кон Лигата на шампиони, а за Старата дама сега останува само теоријата (Видео)

Лацио со 2:1 го победи Јувентус во дербито на колото во Серија А. Со оваа победа Лацио се зацврсти на второто место на табелата со 58 бодови, додека Јувентус ја загуби можеби последната шанса да се надева дека може да се бори за позиција која води во Лигата на шампиони. Старата дама остана на 44 бодови, осум помалку од Милан кој е на четвртото место на табелата.

Сергеј Миленковиќ-Савиќ го доведе Лацио во водство со 1:0 во 38 минута, но само четири минути подоцна Адриен Рабиот израмни на 1:1, што беше резултат по првото полувреме.

Клучниот момент за триумф на Лацио се случи во 53 минута кога Закањи одлично пласираше и донесе голема радост за навивачите на „Олимпико“. Овој погодок може да го видите ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести