Фудбалерите на Лацио вечерва ја прекинаа серијата порази во Серија А откако славеа на гостувањето кај Фросинине со 3:2 во меч кој се играше во рамки на 29-тото коло од Серија А.
Лацијалите до вечерва беа во серија од три порази во низа, од Фиорентина (1:2), Милан (0:1) и од Удинезе (1:2) поради што Маурицио Сари доби отказ и во првиот меч без него, славеа на гостувањето кај Фросиноне.
И вечерашниот натпревар кој се играше на стадионот „Бенито Стирпе“, лошо започна за Лацијалите бидејќи домаќинот поведе во 13-тата минута со голот на Пол Лирола.
Сепак, до крајот на првиот дел, Лацио преку Матија Закањи успеа да израмни, а во вториот дел да постигне два гола преку Валентин Кастељанос во 57-та и во 62-та минута.
До крајот на мечот беше постигнат уште еден гол, Kедира намали на 2:3, но домаќинот немаше сили да постигне уште гол и да се спаси од пораз.
Со победата Лацио скокна на деветтото место на табелата со 43 бода, додека Фросиноне остана на 24 бода и на 18-тата позиција.

